Над 20 луѓе меѓу кои и деца загинаа во поплави северно од главниот град на Авганистан, соопшти полицијата.
Поплавите ги предизвикаа поројните дождови проследени со град. Сериозни штети се нанесени и врз земјоделски површини, а оштетени се голем број куќи.
Во почетокот на август над 60 луѓе беа регистрирани жртви од поплавите во Суроби, источно од Кабул.