Најмалку 20 загинати при самоубиствен напад во Нигерија

Од:

Најмалку 20 лица загинаа, а 18 други се ранети денеска кога десетгодишно девојче се саморазнесе на пазар во градот Мајдугури во североисточниот дел на Нигерија, соопшти локалната полиција.

Според претставник на Црвениот крст, девојчето успеало да ја мина безбедносната контрола и влегло на преполниот пазар, по што експлозивот што го нослео на себе, најверојатно, бил активиран со далечински управувач.

– Девојчето имало околу 10 години и се сомневам дека занело што има околу нејзиното тело. Таа била претресена на влезот на пазарот и детекторот за метал укажал дека носи нешто. Но, за жал, експлозијата се случила пред девојчето да биде неутрализирано, изјави портпаролот на полицијата во Мајдугури, главен град на нигериската сојузна држава Борно.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но полицијата претпоставува дека тој е дело на исламистичката група Боко Харам.

Претходно, денеска организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешанл“ соопшти дека припадници на Боко Харам го извршиле најкрвавиот масакр во историјата на групата, срамнувајќи со земја еден град во Нигерија и убивајќи околу 2.000 лица.

Боко харам напад

Во соопштението се наведува дека борбите во градот Бага, што се наоѓа во близната на границата на Нигерија со Чад, траеле од средата до вчера. Според АИ, низ градот и натаму лежат стотици безживотни тела.

Портпарилот на нигериската Влада, Мајк Омери, ги потврди ваквите информации, додавајќи дека екстремистите на 3 јануари ја презеле блиската воена база, по што во средата започнале напади врз Бага со минофрлачки гранати.

Началникот на дистриктот во кој се наоѓа Бага, Баба Аба Хасан изјави дека најголемиот број од жртвите се деца, жени и постари лица, кои не успела да побегнат од градот кога во него навлегле екстремистите.

Тој додаде дека по минофрачките напади, припадниците на Боко Харам упаднале  во градот и пукале врз цивилите.

Досега најкрвавиот напад припадниците на Боко Харам го извршија на 14 март минатата година во градот Мајдугури, кога убија над 600 лица.

Само во текот на минатата година, екстремистите на Боко Харам убија над 10.000 луѓе. Поради нападите на исламистите над милион луѓе ги напуштија своите домови. Околу еден милион од нив се со статус на внатрешно расселени лица во Нигерија, а стотина илјади побегнаа во Чад и Камерун.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он