Најмалку 20 загинати при напади на украинската армија во Донбас

Од:

Проруските сепаратисти во источна Украина соопштија дека најмалку 20 лица биле убиени од страна на владините сили.

– При гранатирање на градот Стаханов загинале 13 луѓе, а во сличен напад во Луганск загинал еден човек, изјави „министерката за здравство“ на самопрогласената  „Луганска Народна  Република“, Лариса Ајрапетјан, додавајќи оти 150 луѓе се хоспитализирани поради повреди.

Уште две лица биле убиени во местото Краснији Луч.

Четворица цивили се убиени, а деветмина се повредени во нападите врз населени места во реонот на Доњцк од страна на силите на Киев во последните 24 часа, соопшти „министерот за одбрана“ на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ Едуард Басурин.

Тој истакна дека владините сили 68 пати го прекршиле договорот за прекин на огнот.

Портпаролот на украинското Министерство за одбрана Владислав Селезњов истакна дека тројца украински војници загина, а 15 се повредени во последните 24 часа.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски