Најмалку 20 загинати при напад на погреб во Кабул

Од:

Најмалку 20 лица загинаа, а 87 други се ранети денеска во Кабул, при три експлозии што се случија за време на погребна церемонија на еден од загинатите учесници во вчерашните антивладини протести во авганистанскиот главен град.

Како што јави ТАСС, авганистанскиот премиер Абдула Абдула, кој присуствуваше на погребот изјави дека нападот го извршиле тројца бомбаши самоубијци, кои се саморазнеле меѓу насовраните лица на погребот.

Нападот е извршен на погребот на Мохамед Салим Изедијар, син на потпретседателот на Сенатот на Авганистан, на кој, покрај премиерот Абдула, присуствуваа и повеќе други владини претставници, меѓу кои и авганистанскиот министер на надворешни работи Салахудин Рабани.

Абдула и Рабани не се поивредени при нападите.

Антивладините протести во Кабул беа организирани вчера како реакција на бомбашкиот напад во средата, при кој загинаа меѓу 90 и 100 лица, а меѓу 460 и 600 беа ранети. Овој напад, што се случи во дипломатскиот кварт на Кабул, беше најсмртоносен во земјата од 2001 година.

Поради нападот, вчера се одржаа протести во Кабул од кои беше побарана оставка од премиерот и од раководителите на безбедносните структури. За растерување на учесниците во протестите, полицијата употреби солзавец, а според очевидци, дури и огнено оружје. При немирите загинаа четири лица, меѓу кои и Изедијар.

Би можело да ве интересира

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан