Најмалку 20 ученици загинаа во денешната експлозија на бомба во средно училиште во градот Потискум, североисточна Нигерија.
Бомбата експлодирала пред почетокот на наставата. Се очекува бројот на загинати да е поголем.
Се уште никој не презеде одговорност за нападот, но терористичките напади во северна Нигерија, најчесто се дело на исламистичката група Боко Харам, која пет години се бори против централните власти.