Најмалку 20 лица денеска се убиени во бомбашки атентат во канцелариите на регионалната администрација во градот Зарија, во северна Нигерија, соопштија француските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.
Експлозијата се случила во момент кога службениците се регистрирале во канцелариите.
Никој засега не ја презеде одговорноста за нападот, но жителите се сомневаат дека зад сето ова стои исламистичката група Боко Харам, која е многу активна во регионот.