Најмалку 20 повредени во масовните антивладини протести во Венецуела

Од:

Повеќе од 20 лица се повредени, а други 40 се уапсени, во масовните антивладини протести на опозицијата во Венецуела, јавуваат медиумите во оваа јужноамериканака земја.

Стотици илјади демонстранти излегоа на улиците во главниот град Каракас, како и во внатрешноста на Венецуела, протестирајќи против претседателот Николас Мадуро.

Посебно беа масовни протестите во западните градови Сан Кристобал и Маракаибо, каде дојде и до судири со специјалните сили на полицијата, јави Би-Би-Си.

Некои од демонстрантите изјавија дека се слушнале и истрели од огнено оружје, како и дека три лица биле застрелани, но во првите извештаи нема податоци за загинати лица.

Демонстрациите избувнаа откако властите забранија да продолжи процесот на собирање потписи за организирање референдум за сменување на Мадуро од претседателската функција.

Државната изборна комисија, која го запре процесот, тврди дека имало „фалсификати и измами“ кај собраните потписи, додека опозицијата обвинува дека комисијата само ја извршила наредбата на Мадуро.

– Референдумот е наше уставно право, но власта се плаши да дозволи негово организирање, изјавија за странските медиуми, учесници на протестите во Каракас.

Опозицијата го обнови собирањето на потписите, а Парламентот на Венецуела, во кој големо мнозинство има опозицијата, изгласа резолуција со која се наложува судење на претседателот Мадуро затоа што извршил насилство врз Уставот на земјата.

Николас Мадуро, поранешен возач на автобус и синдикален лидер, се обвинува дека ја довел Венецуела, земја богата со нафта, да остане без пари за купување лекови и основните потреби на населението.

Претседателот, пак, ја обвинува опозицијата дека работи за странски интереси и по странска команда, за да им ја предаде нафтата на компании од надвор.

Уставот на Венецуела предвидува референдум за отповикување на претседателот, откако ќе помине половина од неговиот мандат и ако се исполнат потребните услови, пред се, собирање на четири милиони потписи.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски