Најмалку 25 луѓе загинаа во денешниот бомбашки напад врз сенатор во пакистанската провинција Белуџистан.
Според здраствените власти во нападот повредени се 35 лица, од кои 10 се во критична состојба.
Сенаторот Абдул Гафур Хајдери, заменик претседавач на годрниот Дом на Парламентот некколку минути по експлозијата изјави дека претпоставува дека тој бил мета на нападот. Хајдери претрпи полесни повреди.
– Има голем број жртви, бидејќи многу луѓе беа во конвојот, посочи Хајдери.
Досега никој не презеде одговорност за нападот, за кој се претпоставува дека е дело на бомбаш-самоубиец.