Најмалку 18 загинати во Египет, кога камион удрил во минибус

Од:

Египетското обвинителство потврди дека најмалку 18 лица загинаа во сообраќајна несреќа, а уште петмина се повредени, кога камион со приколка удрил во минибус на автопат во близина на градот Атфих, на 100 километри јужно од Каиро, пренесуваат американските медиуми.

Властите информираат дека до несреќата дошло кога на камионот му експлодирала гума, по што тешкото возило се превртело и се судрило со минибусот.

Според досега достапните информации, во судирот загинале најмалку 18 патници од минибусот, а петмина се повредени, и се пренесени во блиските болници, а возачот на камионот е уапсен.

Секоја година во Египет во сообраќајни несреќи гинат илјадници лица, а официјалната државна агенција за статистика наведува дека во 2019 година, последната година за која се достапни податоци, се случиле околу 10.000 сообраќајни несреќи, при што загинале повеќе од 3.480 лица, пренесуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува