Во поплавите и лизгање на земјиштето, предизвикани од тропската бура Тембин која денес го погоди јужниот дел на Филипините загинаа најмалку 18 лица, а повеќе од 50 се водат како исчезнати.
Бурата ја зафати јужната област Минданао со ветрови со брзина од 90 километри на час, а на почетокот на денот тие достигнаа и до 125 милометри на час. Поради бурата евакуирани се повеќе од 15 илјади лица.
Минатата недела над 50 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето и поплави, предизвикани од тропската бура Каи-Так, која ги погоди централните делови на Филипините.