Најмалку 16 загинати во бомбашки напади во северен Ирак

Од:

Најмалку 16 лица загинаа денеска во неколку бомбашки напади во северниот дел на Ирак.

Како што јави ДПА, 10 лица загинаа, а 25 се повредени при експлозија на автомобил-бомба пред шиитска џамија во ирачкиот градот Даџил, на 170 километри северно од Багдад.

Според локалнта полиција, жртвите при нападот се шиитски верници и локлани полициајци кои биле распоредени пред џамијата.

Претходно, четворца полицајци загинаа кога бомбаш самоубиец се саморазнесе крај полициски контролен пункт во градот Мосул, на 400 километри северно од Багдад.

Во два други бомбашки напади во Мосул беа убиени уште еден цивил и еден полицаец. Во последниве месеци Ирак се соочува со зголемено верски мотивирано насилство, при што припадници на шиитското мнозинство често се цел на напади на бунтовници од редовите на сунитското малцинство.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија