Најмалку 16 лица под набљудување откако новиот коронавирус пристигна во САД

Од:

Најмалку 16 лица, кои биле во близок контакт со првиот дијагностициран носител на новиот коронавирус во САД, се набљудуваат од медицинските власти, пренесоа британските медиуми.Вирусот брзо се шири и затоа се зголемуваат стравувањата за неговата смртност, откако за малку повеќе од еден ден дојде до драматично, речиси двојно, зголемување на смртните случаи, од девет на 17 лица.

Пациентот, кој е првиот случај во САД на заразен со вирусот, е 30-годишен маж, и нема опасност за неговиот живот. Тој наскоро ќе треба да биде отпуштен од болница, тврдат од регионалниот Медицински центар во Еверет, во сојузната држава Вашингтон.

-Засега ниту едно од лицата кои се ставени под набљудување не покажа симптоми на болеста, изјави Џон Вајсман, регионален министер за здравство во државата Вашингтон.

Во оваа фаза, наведува американската здравствена служба, ризикот за општеството е низок.

Американскиот државјанин веројатно бил заразен во ноември и декември 2019 година, откако патувал до својот роден град Вухан, каде вирусот за првпат беше регистриран и на 20 јануари беше дијагностициран како прв заразен во САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски