Најмалку 157 Авганистанци починаа од студ

Од:

Најмалку 157 луѓе починаа од премрзнување во Авганистан. Бројот на починати двојно е зголемен за помалку од една недела.

Авганистан се соочува со една од најстудените зими, со температури дури до минус 28 степени Целзиусови, што е многу под националниот просек, што изнесува од нула до пет степени за овој период на годината.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (УНОЦХА) на Твитер објави дека доставува помош како ќебиња, греалки и обезбедува засолништа за околу 565.700 луѓе, но оти потребите се многу поголеми.

Портпаролот на авганистанското Министерство за управување со катастрофи Шафиула Рахими изјави дека замрзнале околу 70.000 грла добиток исто така замрзнаа низ целата земја.

Кризата во Авганистан се продлабочи откако најмалку шест големи странски хуманитарни организации ги прекинаа своите во декември, откако талибанците им забранија на Авганистанките да работат за нив.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Експлозија во Кабул во близина на зградата на министерството, најмалку двајца загинати, 12 ранети

Ана Ололовска

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Снежно невреме во Авганистан: Најмалку три лица загинаа, меѓу кои и едно дете

ВИДЕО: Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан

Ана Ололовска

Талибанците во Авганистан камшикуваа девет мажи на стадион

А1он

Авганистанска политичарка убиена во Кабул

Ана Ололовска