Најмалку 155 цивили се пратени во затвор по наредба на воени трибунали во Венецуела од почетокот на бранот протести против претседателот Николас Мадуро, соопшти невладината организација за заштита на човековите права Форо Пенал.
Вкупно 260 лица биле судени од воени трибунали, што е нарушување на Уставот. Од нив 155 се пратени во затвор, а останатите се или прогласени за невини или се пуштени на условна слобода, додава организацијата.
Главниот обвинител на Венецуела Луис Ортега упати критика поради судењето на цивили од страна на воени судови и напомена дека тоа е пркаса во диктаторските режими.
Протестите против социјалистичката Влада и претседателот Мадуро продолжуваат веќе шест недели. Демонстрациите често пати преминуваа во судири со полицијата, во кои загинаа 38 лица.