Најмалку 15 загинати во вооружениот напад врз колеџот во Кенија

Од:

Во денешниот вооружен напад врз колеџот во источниот кениски град Гариса, што се уште е во тек, досега се регистрирани 15 жртви. Полицијата, меѓутоа, ја потврдува смртта на само четири лица, јавуваат кениските медиуми.

Рано утринава маскирани вооружени напаѓачи упаднале во кампусот од универзитетот и почнале да пукаат врз секој што ќе се појави пред нив. Во досегашната престрелка има и повеќе од 40 ранети лица, јавуваат извори блиски до кениската војска, пренесува РТЛ.

Кенискиот Црвен крст објави дека ранетите лица се префрлени во блиската болница во Гариса, град што се наоѓа на 350 километри источно од Најроби.

Повеќето ранети се наоѓаат во критична состојба.

Локалната полиција објави дека нејзините припадници им се спротивставиле на напаѓачите кои почнале „ неконтролирано да пукаат“ откако влегле во свеучилишниот комплекс.

Кениската полиција и војска го опколиле кампусот, а размената на оган со напаѓачите трае веќе неколку часа. Напаѓачите се повлекле во зграда за сместување на студентите.

– Досега имаме 49 жртви, сите имаат рани од куршуми или шрапнели. Четири лица се убиени, исто така од истрели од огнено оружје, рече еден лекар во болницата во Гариса, пренесуваат британските медиуми.

Сведоци на настанот за локалните медиуми изјавија дека нападот почнал рано утрово, за време на утринската молитва, а во кампусот можеле да се слушнат експлозии и пукања.

Една од нив, Милка Нгунг’ за Си-Ен-Ен изјави дека истрелите одекнувале „како огномет“, а таа и други студенти успеале да побегнат.

Официјални претставници изјавија дека во престрелката се убиени најмалку двајца обезбедувачи во камусот, односно дека напаѓачите земале повеќе заложници.Многу студенти се уште се наоѓаат во кампусот.

– Двајцата чувари се убиени на влезот во кампусот. Внатре во кампусот се уште се слушаат пукотници, но засега не знаеме кој пука, изјави еден полициски претставник.

Очевици изјавија дека во нападот учествувале петмина напаѓачи.

Одговорноста за нападот ја презеде сомалиската милитантна исламистичка група ал-Шабаб, која во источниот дел од африканскиот континент сака да создаде Исламска држава. 

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“