Најмалку 15 лица загинаа, а 25 се повредени денеска при експлозија на едно возило во конвој на пакистанската армија во Пешевар, соопштија локалните власти.
Медиумите објавија дека повеќето од жртвите веројатно се цивили, а дека експлодирало едно возило на паравоените сили на Пограничниот корпус, кој го сочинуваат главно жители на племенските територии долж државната граница со Авганистан и потчинети на пакистанската воена команда.
– Другите возила од конвојот поминаа безбедно, изјави полицаецот Шафијулах Кан.
Според телевизиските снимки во експлозијата се уништени многу возила и продавници во оваа област. Засега никој не преземал одговорност за експлозијата, но најголемо сомневање постои за пакистанските талибанци.