Најмалку 15 мртви и 21 повреден во бунт во затвор во Еквадор

Од:

Најмалку 15 затвореници загинаа, а 21 се повредени во бунт во еден од најголемите затвори во Еквадор, каде веќе се убиени неколку луѓе во постојаното насилство меѓу ривалските банди, соопштија властите.

„Според прелиминарните информации, 21 лице е повредено, а 15 загинале во судирот меѓу затвореници“, се наведува во соопштението на еквадорската затворска управа (СНАИ).

Управата соопшти дека тактичките единици продолжуваат со операциите за враќање на контролата над затворот, а однадвор ги поддржуваат вооружените сили.

Затворот се наоѓа на периферијата на јужниот град Латакунг и со околу 4.300 затвореници, тој е еден од најголемите во земјата. Од февруари 2021 година, во тој затвор имало седум масакри меѓу затворениците, во кои имаше повеќе од 400 мртви.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници