Најмалку 15 цивили убиени во американски воздушен напад во Авганистан

Од:

Најмалку 15 цивили беа убиени, а 13 беа ранети во напад на американско беспилотно летало во источен Авганистан, соопштија Обединетите нации.

Светската организација повика на независна истрага за нападот, извршен рано изутрината во средата во округот Ачин, во провинцијата Нангархар.

Американската воена команда го потврди воздушниот напад. Цел на нападот биле борци на џихадистичката групација Исламска држава, појасни командата и додаде дека собира информации во врска со тврдењата дека жртвите биле цивили.

– Ги преземаме сите неопходни мерки за да избегнеме жртви меѓу цивилите во тие операции и ќе продолжиме да работиме со авганистанските власти за да одредиме дали има причина за дополнителна истрага, се додава во соопштението на американската команда.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан