Цистерна со нафта се преврти и се запали на автопат во Пакистан при што загинаа 148 луѓе, од кои 20 деца, а 80 се повредени.
По превртувањето на цистерната во близина на градот Бахавалпур се собрале многу луѓе ко се обидела во канистери да ја соберат разлеаната нафта, а 45 минути подоцна цистерната екслодирала.
Пакистанската армија испрати хеликопптери за да ги евакуираат повредените и да ги пренесат до болница. Најблиската болница, каде може да се третираат изгореници се наоѓа на повеќе од 150 километри од местото на несреќата.
Несреќата се случи пред прославата на Рамазан Бајрам поради што на патиштата во Пакистан има голема гужава.
Цистерната со гориво се преврти на националниот автопат на околу 100 километри од градот Мултан. Несреќата се случи кога возачот на цистерната изгубил контрола над возилото.