Најмалку 14 лица се убиени во напад на џихадистичката група Боко Харам во северниот нигериски град Мајдугури, соопшти денеска полицијата.
-Нападот беше изведен вчера во предградие на Мајдагури со противавионски пушки, изјави Дамијан Чукву, полициски комесар на државата Борно, чиј главен град е токму Мајдугури, пренесоа британските медиуми.
Инаку, Мајдугури е епицентарот на осумгодишнаста борба против Боко Харам, но во изминатите две години градот главно беше поштеден од насилство, напоменуваат британските медиуми.