Најмалку 14 лица загинаа, а 20 се повредени, вчера во експлозија на цистерна со бензин во јужната мексиканска сојузна држава Табаско.
Националната агенција за цивилна заштита соопшти дека цистерна со 60 илјади литри бензин минатиот четврток излетала од патот меѓу градовите Вилермоса и Коацакоалкос.
По несреќата локалните жители почнале да точат гориво од цистрената, наспроти предупредувањата на властите да не се доближуваат на местото.
Во експлозијата загинале 14 лица на самото место, а 20 се повредени.