Најмалку 14 загинати при самоубиствен напад во Авганистан

Од:

Најмалку 14 лица загинаа, а околу 15 други се ранети денеска при самоубиствен бомбашки напад во зграда во која живеел истакнат локален политичар во градот Џалалабад во источниот дел на Авганистан, соопштија авганистанските власти.

Според истите извори, бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот што го носел на себе во влезот на станбениот комплекс во кој се наоѓа домот на членот на Советот на провинцијата Нангархан, Обаидулах Шинаври.

Порпаролот на регионалната влада на Нангархан, Атаулах Ќогани изјави дека во време на напади во зградата имало поголем број лица, кои биле собрани на семејна прослава.

– Бројот на жртвите најверојатно ќе расте, бидејќи на местото на настанот имало многу луѓе, додаде Ќогани.

Меѓу загинатите е и таткото на Обаидулах Шинаври. Освен Шинаври во авганистанската политика на локално или национално ниво се активни и други ченови на неговото семејството.

Засега никој не презеде одговрност за нападот. По инцидентот на Твитер се огласи портпаролот на талибанците Забихула Муџахид, кој нагласи дека неговата организаиција нема никаква врска со нападот.

Станбениот комплекс во кој се извршен нападот се наоѓа во близина на пакистанскиот Генерален конзулат во Џалалабад, кој минатата недела беше цел на бомбашки напад, за кој одговорност презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан