Најмалку 14 загинати при експлозија во магацин за пиротехника во Мексико

Од:

Најмалку 14 лица загинаа, а 22 се повредени при експлозија во магацин за пиротехнички средства во мексиканската држава Пуебла.

– Повредените се пренесени во главниот град на државата, Поблана, изјави претставникот на локалната власт Диодоро Караско.

Според медиумите, меѓу жртвите се наоѓаат 11 малолетници, но тој број се уште не е потврден од официјален извор.

Трагедијата се случила во местото Сан Исидоро, на околу 270 километри источно од Мексико Сити, при подготовка за религиозен празник на 15 мај.

Поголема група луѓе се наоѓале во магацинот кога однадвор било истрелано пиротехничко средство, кое паднало врз запаливите материјали.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори