Најмалку 14 лица се повредени во руските напади врз градови низ Украина

Од:

Најмалку 14 лица се повредени во руските напади врз градови низ Украина во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Во Киев седум лица се повредени, меѓу кои и едно деветгодишно девојче, изјави градоначалникот Виталиј Кличко, додавајќи дека се оштетени и некои станбени и деловни објекти.

Најмалку две лица се повредени во шест руски напади врз областа Слобид во Харков, кога била оштетена и цивилна инфраструктура, изјави регионалниот началник Олег Сињегубов.

Пет лица се повредени, а најмалку едно лице е затрупано под урнатините во градот Черкаси, каде е оштетена зградата на социјалната инфраструктура, изјави началникот на областа Игор Табурец, пренесе АП.

Остатоци од ракети паднаа во центарот на Киев и оштетија нестанбени згради на исток, предизвикувајќи пожар, рече Кличко, пренесе Ројтерс.

Oфицијални и локални медиуми, исто така, објавија дека експлозии се случиле во областа Хмелницки, Виница, Лавов и Ивано-Франковска област.

Во градот Ривне во западна Украина во некои делови снемало струја, па се претпоставува дека во руските напади е оштетена енергетската инфраструктура, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната