Најмалку 13 затвореници беа убиени во судир на две банди и бунт во затвор во северната мексиканска држава Нуево Леон.
Претставник на полицијата изјави дека неколкучасовните преговори меѓу властите и затворениците пропаднале и полицијата не успеала да задуши бунт по судир на две банди.
Тогаш властите донеле одлука да користат огнено оружје за да ги заштитат животите на чуварите и затворениците.
Се уште не се знае колку затвореници се убиени во тепачката и колку од силите за безбедност, наведуваат извори од полицијата.