Најмалку 13 лица загинаа, а 690 се спасени по судар на ферибот и товарен брод во близина на островот Кебу во централниот дел на Филипините, соопштија денеска локалните власти.
Фериботот го напуштил пристаништето во Кебу и се упатил кон Манила со официјално пријавени 692 патници и членови на екипаж, поради што не е јасно дали има уште исчезнати по кои треба да се трага, изјави адмирал Луис Туасон.
Во спасувачките акции учествувал и екипажот на товарниот брод со кој се судрил и десетина рибарски бродови кои допловиле до местото на несреќата.
Крајбрежната стража ги разгледува причините за несреќата.