Најмалку 13 загинати во експлозија на граната на трамвајска станица во Доњецк

Од:

Руските медиуми пренесуваат дека утрово граната погодила трамвајска станица во Доњецк, при што загинале најмалку 13 лица , додека повредени се повеќе десетици.

Жестоките судири во Доњецк продолжија во момент кога на состанокот на министри за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина е договорено повлекување на тешкото оружје.

Како што пренесуваат локалните власти, гранатирањето се случило во утринскиот сообраќаен шпиц, поради што настрадаа повеќе лица.

Инаку ова е втора трагедија од ваков вид последниве десетина дена, кога на 13-ти јануари настрадаа 12 лица при грантирање на автобус во градот Волновах, одалечен 60 километри од Доњецк.

Властите на самопрогласената Народна република Доњецк, го обвинија Киев за тој напад.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Руски воен блогер: Ситуацијата во Донецк од час во час станува се поалармантна

Најжестоко гранатирање на Донецк од 2014 година

Зеленски: Жестоки борби се водат во Донецк, важен е секој метар

Руските сили го гранатираа Днепар

Продолжуваат жестоките борби во источна Украина

Катерина Ѓуровски

Во Донецк обид за атентат на судијата кој ги осуди Британците на смрт