Најмалку 13 лица загинаа, а 12 други се повредни при уривање на дел од тунел на хидроцентралата во изградба „Кока Кодо Синклер“ во Еквадор.
Кинеската Амбсада во Кито соопшти дека при несреќата загинале тројца државјани на Кина и десетмина Еквадорци. Според истиот извор, двајца од повредените градежни работници се во критична состојба.
Засега не се познати причините за уривањето на тунелот.
Хидроцентралата „Кока Кодо Синклер“ со моќност од 1.500 мегавати ја гради кинеската компанија „Синохидро“. Изградбата на проектот чини две милијарди долари.
Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа преку својот профил на Твитер им изрази сочуство на семејствата на загинатите работници.