Најмалку 13 лица биле убиени во текот на ноќта во напад во североисточна Кенија, пренесоа британските медиуми, повикуваји се на Црвениот крст.
Во нападот, изведен околу полноќ, биле ранети уште 11 лица.
Жртви се работници во каменолом, кои биле нападнати додека спиеле.
Нападот бил изведен кај градот Мандера, во близина на границата со Сомалија.
Катарската сателитска телевизија Ал Џазира нападот и го препиша на сомалиската исламистичка група Ал Шабаб, пренесе ТАСС.
Ал Шабаб, често пати, изведува напади во Кенија, која во Сомалија испрати војници за да помогнат во борбата проив неа.