Вооружени луѓе убија најмалку 13 лица во два напада на кенискиот брег, соопшти денеска Црвениот крст.
Четири лица се убиени во округот Ламу, близу местото на минатомесечните напади, во кои 65 лица го изгубија животот. Уште девет лица се убиени во Гамба, во округот околу реката Тане.
Црвениот крст тврди дека група, од околу 10 до 15 луѓе, го нападнала местото Хинди, не гледајќи во кого пука.
исламистичката група Ал Шабаб, блиска до Ал Каеда, ја презеде одговорноста за минатомесечниот напад во Мпекетони, на брегот и за уште еден напад во блиското село.