Најмалку 12 жртви во денешниот земјотрес во Пакистан

Од:

Најмалку 12 лица загинаа во денешниот земјотрес со интензитет од 6,8 степени по Рихтер што го погоди југозападен Пакистан, соопшти телевизијата Скај њуз.

Југозападен Пакистан, што на почетокот на неделата беше опустошен од силен земјотрес, денеска повторно беше разнишан од силен потрес.

Епицентарот на потресот во провинцијата Белуџистан бил на 36 километри длабочина.

Стотици куќи од непечени тули во провинцијата се разурнати, оштетени се телефонски линии во регионот на градот Машки, што се наоѓа најблиску до епицентарот. Потресот бил почуствуван дури во Карачи, мегаполисот во јужен Пакистан, и во градот Квета, престолнината на Белуџистан. И двата града се разместени на неколку стотици километри од епицентарот.

Пакистанската провинција Белуџистан беше погодена од земјотрес со интензитет од 7,7 степени во Рихтер на 24 септември при што загинаа над 500 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица