Најмалку 12 загинати во поплави во јужна Франција

Од:

Најмалку 12 лица загинаа во поплавите предизвикани од силното невреме што вчера го погоди Азурниот Брег во јужна Франција.

Невремето, проследено со пороен дожд, предизвикало нагло зголемување на нивото на реките, од кои поголемиот дел се излеале од своите корита поплавувајќи ги околните реони и создавајќи неколку свлечишта.

Пет лица загинале во местото Манделијо ла Напул, западно од Кан, кога надојдената вода го одвлекла возилото со кое се движеле, бегајќи од поплавите.

Три други лице се удавиле, кога нивното возило заглавило во поплавен тунел во близината на Кан.

Уште три лица ги загубиле животите во поплавен дом за стари лица во местото Антиб, а еден маж се удавил на паркинг плац во Кан, кој се преворил во вистинско мало езеро.

Надојдените води однеле повеќе возила во морето, а поради поплавите десетина возови загалевиле на железничките станици или пругите.

Поради невремето околу 5.000 лица, во најголемиот број Британци и Холанѓани, останале загалавени на аеродормот во Ница.

Во текот на ноќта, невремето од Азурниот Брег се придвижи кон Исток во правец на италијанскиот западен брег.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано