Вооружени лица, облечени како војници, нападнаа село во североисточниот дел на Нигерија, убивајќи го племенскиот лидер и уште 11 лица, соопштија локални жители.
Во регионот е активна терористичката исламистичка група Боко Харам, што се бори за воведување на шеријат.
Според локалните власти екстремистите минатата недела почнале нова офанзива, напаѓајќи неколку села и поставувајќи црни знамиња.