Најмалку 12 загинати при налетот на тајфунот Мангхут на Филипините

Од:

Најмалку 12 лица загинаа во поплавите и свлечиштата на Филипините, предизвикани од тајфунот Мангхут, соопштија денеска филипинските власти, изразувајќи стравување дека конечниот биланс на жртвите може да биде поголем.

Советникот на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, Френсис Толенто информира дека меѓу загинатите се најмалку едно дете и едно бебе, како и двајца припадници на спасувачките служби,

Извршниот директор на Националниот совет за управување со кризи, Рикардо Џалад соопшти дека само во северниот регион Кордилера се пријавени над 40 случаи на лизгање на земјиштето,

– Спасувачките екипи постојано пријавуваат нови штети предизвикани од тајфунот, посочи Џалад.

Во моментот кога вчера Мангхут ги погоди Филипините, во неговото жариште дуваа ветрови со брзина и до 305 километри на час. Подоцна движејќи се над Филипините кон јужна Кина и Виетнам, брзината на ветрови во неговото жариште опадна на околу 170 километри на час, со повремени налети до 260 километри на час.

Филипинската метеоролошка агенција информира дека иако тајфунот во текот на денов значително ослабел, состојбата и натаму е ризична, бидејќи Мангхут со себе носи поројни врнежи, кои би можеле да предизвикаат нови поплави и свлечишта.

Поплави се регистриран и во делови на Манила, а поради тајфунот над 100.000 се сметени во прифатни центри.

Од тајфунот најтешко е погоден крајбрежниот град Багао во провинцијата Кагајан на островот Лузон, која е позната по пространите полиња со насади на ориз.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски