Најмалку 12 непалски водичи загинале во лавина во подножјето на Еверест

Од:

Најмалку 12 непалски планински водичи загинаа при пад на лавина денеска во подножјето на Еверест, најмасовниот трагичен настан во историјата на највисокиот планински врв во светот, соопшти претставник на спасувачките екипи.

Непалското Министерство за туризам соопшти дека тројца непалски водачи се повредени, а петмина се водат за исчезнати.

Тоа е најсмртоносната лавина во последните осум години.

До несреќата дошло рано утрово кога непалските водичи заминале да ги затегнат јажињата за стотината планинари кои се обидуваат да стигнат до највисокиот светски врв.

Во кампот се наоѓаат стотици алпинисти и нивните водичи, подготвувајќи се за последниот обид да го искачат 8.848 метри висок врв во почетокот на идниот месец, кога ќе се подобрат метеоролошките услови.

Лавината се случила на 5.800 метри, во областа позната како „поле на пуканките“.

Монт Еверест се наоѓа на Тибет во близина на границата со Непал и висок е околу 8.848 метри.

Вп 1996 година осум лица од две експедиции загинаа додека се искачуваа на Еверест.

Над 300 лица загинале на Еверест од првото искачување на највисокиот планински врв во светот во 1953 година, од страна на Едмонд Хилари и Тенсинг Норгеј.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on