Најмалку 11 жртви во судир на мексикански нарко-картели

Од:

Мексиканската полиција денеска соопшти дека 11 лица, меѓу кои осум жени, биле убиени во судир меѓу два нарко-картели во два ресторани во северозападно Мексико.

Полицијата на градот Селаја соопшти дека нападите на два локала на иста улица се случиле во исто време. Десет жртви починале на лице место, додека едно лице подоцна починало во болница.

На местото на злосторството биле оставени рачно напишани пораки, кои укажуваат дека нападите биле дел од конфликтот меѓу два картели кои веќе неколку години се борат за превласт во државата Гуанахуато.

Локалната полиција потврди дека во баровите биле напишани пораки, но не ја откри нивната содржина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД