Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Од:

Најмалку 11 лица загинаа, а 30 се ранети синоќа при руско гранатирање на градот Добропилија во областа Доњецк во Украина, соопшти украинската служба за вонредни ситуации во регионот на Доњецк.

Во соопштението се наведува дека во нападот биле оштетени осум згради, административна зграда и 30 автомобили, а избувнал пожар во две петкатници и во управна зграда, пренесе Укринформ.

Руските сили извршиле целен напад додека пожарникарите гаснеле пожар во близина, а било оштетено и противпожарно возило.

Би можело да ве интересира

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Семејства бараат враќање на повеќе од илјада Кенијци од војната во Украина

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Седум лица загинаа во руски ракетен напад врз станбена зграда во Харков

Песков: Киев знае што е потребно за успешни преговори, но ситуацијата се влошува