Најмалку 11 лица загинаа во пожар во одморалиште во Франција

Од:

Најмалку 11 лица загинаа денеска во пожар што зафати одморалиште за лица со посебни потреби во источна Франција, соопштија властите.

Заменик-обвинителката на Колмар, Натали Килвасер, изјави дека 11 лица загинале во пожар што избувнал во куќа во Винсенхајм, во близина на Колмар, пренесува BFM TV.

Пожарот избувнал утрово околу 6.30 часот, додека инвалидите кои биле на одмор и нивните старатели спиеле во двокатница во градот Винсенхајм, на околу 70 километри јужно од Стразбур.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, 11 повредени во пожар во станбена зграда во Сеул

Пожар во Аеродром, повреден е газдата на станот и неговиот син

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам