Најмалку 100 индиски рибари се уапсени во Пакистан поради нелегален риболов.
Агенцијата за поморска безбедност (МСА) синоќа ги уапсила рибарите и запленила 19 дрвени чамци.
Пакистанскиот полициски претставник Адил Кандио наведе дека 100 уапсени рибари ќе бидат изнесени пред суд во понеделник.