Првичните податоци покажуваат дека во двојниот бомбашки напад на фрекфентниот пазар во нигерискиот град Мајдугури загинале 10 лица, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на нигериската полиција.
Истрагата покажала дека експлозиите ги предизвикале две жени, кои на пазарот и самите се кренале во воздух. Првата, била на возраст од околу 40 години, и била запрена за проверка, но откако одбила да ја послуша наредбата на полицијата, ги активирала експлозивите што ги носела со себе. Непосредно потоа истото го сторила и втората атентаторка.