Најмалку 10 лица загинаа утринава во североисточна Кенија, откако со своето возило нагазиле на експлозивна направа на автопат, соопштија официјални лица.
Регионалниот командант Џорџ Сед изјави дека експлозијата се случила пред градот Мандера.
Засега не е познато колку лица имало во возилото.
Очевидци изјавија дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи многумина претрпеле сериозни повреди.
Полицијата се сомнева дека експлозивната направа ја поставиле екстремистите на Ал Шабаб од Сомалија.
Екстремистите често пати се обвинувани за ваквите напади во пограничниот регион, чија цел се и безбедносните сили и цивилите.
Полицијата соопшти дека напаѓачите побегнале кон границата.
Извор: МИА