Најмалку 10 лица убиени и над 20 повредени во нападот во трговски центар во Најроби

Од:

Најмалку 10 лица загинаа, а над 20 се повредени во вооружениот напад извршен од непознати лица во луксузниот трговски центар во Најроби, Кенија, јави британскиот канал Скај њуз.

Очевидци тврдат дека напаѓачите стрелале во различни правци и користеле и бомби. Во моментов, петмина од напаѓачите се уште се наоѓаат во луксузниот трговски центар „Вестгејт мол“. Според засега непотврдени информации, тие зеле и заложници.

Скај њуз тврди дека не станува збор за грабеж на продавница, како што претходно рече началникот на полицијата Бенсан Кибуе, туку за планиран напад.

Полицијата го обиколи трговски центар, посетуван најчесто од богати Кенијци и странци.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“