Најмалку 10 лица исчезнаа во шумски пожари во Чиле, воведена е вонредна состојба

Од:

Најмалку 10 лица се водат како исчезнати во шумските пожари во Чиле, шест населени места се евакуирани и воведена е вонредна состојба, јавија чилеанските медиуми.

Претседателот на Чиле, Габриел Бориќ, прогласи вонредна состојба поради шумските пожари, кои го зафатија главно регионот Валпараисо, каде изгореа над 6.800 хектари.

Бориќ на платформата Х напиша дека сите расположливи единици на пожарникари, полиција и цивилна заштита се распоредени за гаснење на пожарот.

Поради првиот голем шумски пожар во летната сезона во околината на крајбрежните градови Валпараисо и Виња дел Мар, неколку населени места се евакуирани, а пожарот се уште се заканува да ги зафати двата града.

Пожарот избувнал во петокот од засега непознати причини во националниот парк Лејк Пењуелас, кој се наоѓа на дваесетина километри од пристаништата Валпараисо и Виња.

Поради пожарот затворен е патот што го поврзува главниот град Сантијаго со тие крајбрежни градови.

Поради силниот ветер и високата топлина, пожарот во моментов не може да се локализира, а Националната служба за превенција и одговор при катастрофи издаде црвено предупредување и побара евакуација на шест општини, пет во близина на градот Виња дел Мар и една во Вила Алемана.

Би можело да ве интересира

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

Бројот на загинати во шумските пожари во Лос Анџелес се искачи на 28

Тело на маж е пронајдено во запалена куќа

Пожар во старски дом во Кавадарчко, евакуирани 30 станари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во најголемата фабрика за батерии во светот

Горан Наумовски

Се запали една просторија во Поликлиниката Чаир, нема повредени