Најмалку 10.000 војници распоредени низ Франција по нападите врз „Шарли ебдо“

Од:

Најмалку 10.000 француски војници ќе бидат распоредени за да се зајакне безбедноста на „најслабите точки на територијата“ по џихадистичките напади во Париз, во кои минатата недела беа убиени 17 луѓе.

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан изјави дека претседателот Франсоа Оланд ја повикал армијата да учествува во обезбедување на чувствителни точки на територијата, укажувајќи на „големи закани“ со кои е соочена државата.

Министерот за одбрана истакна дека тоа е „првпат да се мобилизираат француските сили со тие размери на територијата на државата“.

Околу 5.000 полицајци и припадници на жандармеријата се мобилизирани за да се заштитат 717 училишта и места каде се собираат Евреи во Франција додека трае потрагата по соучесници на напаѓачите од Париз.

Би можело да ве интересира

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски