Најголемиот дел од заболените од карцином добро реагираат на вакцините против коронавирус

Од:

Лицата кои боледуваат од карицном имаат солиден имунолошки одговор на вакцините против Ковид-19, а при тоа немаат повеќе нус појави во однос на општата популација соопштија пет одвоени тимови на европскиот онколошки состанок кој се одржа во текот на оваа седмица.

Во спроведената студија во која учествувале 44.000 луѓе кои примиле две дози вакцина „Фајзер“, научниците не откриле разлики во нус појавите кои ги манифестирале речиси 4.000 лица кои боледуваат или претходно боледувале од карцином.

Во другото испитување, научниците проучувале случаи на 791 лице заболено од карцином вакцинирани со „Модерна“.

По 28 дена од примената втора доза, адекватно ниво на антитела на вирусот имало во крвта на 84 проценти од пациентите кои биле на хемотерапија, кај 89 посто од пациентите кои примале хемотерапија во комбинација со лек за имунотерапија и 93 отсто кај пациентите кои биле само на имунотерапија.

Овие резултати се добри кога ќе се споредат со антителата измерени кај лицата кои не боледуваат од карцином велат од Европското друштво за медицинска онкологија.

„Високите стапки на ефикасност на вакцините забележани кај испитуваната популација, без разлика на видот на лечење на карциномот претставуваат силна и охрабрувачка порака за пациентите и нивните лекари“ се вели во соопштението од друштвото.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Вакцините против рак и против срцевите болести ќе бидат готови до крајот на оваа декада

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Здружението Љубов сме/Jemi dashuri поднесе претставка до МЗ со барање за измени на здравствената законска регулатива на заболените од карцином

Ана Ололовска

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Белгиски универзитет објави откритие за спречување на метастазирање на ракот