Најголеми митови за летање со авион

Од:

Постојат многу митови поврзани со летањето со авион, за кои патниците не знаат дали се вистинити. Од тоа кое седиште во авионот е најбезбедно, до тоа зошто некои компании го укинуваат 13-тиот ред и што се случува кога пилотото оди во тоалет, открива сајтот Скајскенер.ком.

Дали е безбедно да пиете вода во авион?
Некои авиони имаат несакани “патници“ во резервоарите со вода, вклучувајќи бактерии од кои би можеле да се разболите. Затоа немојте да ја пиете “водата од чешма“ и замолете ја стјуардесата за флаширана вода.

Што се случува кога пилотот оди во тоалет?
Дали некогаш сте се запрашале зошто понекогаш се вклучува знакот за врзување на безбедносните појаси, а да нема ни трага од турбуленции? Станува збор за тоа дека пилотот морал да оди таму каде што “царот оди пеш“.

Може ли гром да урне авион?
Патничките авиони неизбежно се изложени на ризикот од удар на гром. Сепак, ваква несреќа не се случила уште од 1967 година. Имено, повеќето модерни летала мора да поминат безбројни тестови за добивање сертификат за безбедност.

Зошто некои авиони немаат 13. ред?
Некои авиокомпании го укинале тринаесеттиот ред во авионите за да не ги плашат своите патници. Меѓу нив се “Ер Франс“, “Емиратес“, “Луфтханза“ и “Рајанер“. “Луфтханза“ нема дури ни 17. ред, заради тоа што овој број се смета за несреќен во Италија и Бразил.

Дали мобилен телефон може да предизвика пад?
И понатаму постојат дилеми околу ова прашање, а моментната регулатива им дава можност на сите превозници да ги забранат сите уреди кои би можеле да ја загрозат безбедноста на патниците. Експертите сметаат дека електромагнетните бранови што ги емитуваат мобилните телефони може да ја загрозат електрониката во авионите и да предизвикаат пад. Сепак, едно истражување покажало дека ова не е вистина. Така, на пример, “Вирџин Атлантик“ наскоро ќе дозволи телефонирање во авионите.

Кое седиште е најбезбедно?
Точно е – најбезбедно седиште во случај на несреќа е најблиското до излезот, тврдат научниците на Универзитетот во Гринвич. Тие прегледале случаи на две илјади преживеани во 105 авионски несреќи ширум светот и утврдиле дека најдобро е да се седи најдалеку пет редови од излезот во случај на пожар.

Зошто храната во авионите има поинаков вкус?
Не си замислувате – храната во авион навистина има поинаков вкус. Пред се’, воздухот во кабината ви го суши носот, а промената на воздушниот притисок парализира третина ќелии на сетилата за вкус. Затоа авиопревозниците често додаваат многу сол и зачини во храната.

Би можело да ве интересира

Се запали левото крило на Боинг 737 со 73 патници

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците