Најголемата американска банка избегна тужба за расизам

Од:

Една од најголемите американски банки „Велс Фарго“ ќе плати 175 милиони долари според договорот за да го избегне обвинението дека на африканско-американските и латино-американските клиенти им пресметувала поголеми камати отколку на белците, соопшти Министерството за правда.

Банката е обвинета дека „практикувала дискриминација на африканско-американските и латино-американските клиенти во работењето со хипотекарните кредити во периодот од 2004 до 2009 година.

Африканско-американските и латино-американските клиенти, исто така, се насочувани кон рискантни хипотекарни кредити без гаранции, кои се со значително поголеми камати во однос на заемите со гаранциите, додека на клиентите белци им се одобрувани стандардни кредитни услови.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД