Најголем број на увезените случаи на Ковид-19 во Германија се од Косово

Од:

Германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох (РКИ) подготви листа на земји во кои се заразиле најголем број Германци. РКИ наведува дека од средината јуни, по првото отворање на границите, забележан е раст на лица кои се заразиле со новиот коронавирус додека престојувале во странство.

Пред „затворањето“ во средината на март, уделот на увезени случаи, според РКИ, изнесувал 46 проценти, а по затворањето на границите, тој се намалил на 0,4 отсто. По отворањето на границите, уделот на „увезени“ случаи повторно се искачи на 31 процент.

На прво место на листата од 15 држави се наоѓа Косово, од каде 1.096 лица го „донеле“ вирусот во Германија. На второ место е Турција со 501 случај, а потоа Хрватка со 260.

На четврто место е Србија со 196 случаи, Бугарија – 166, БиХ – 156, Романија со 113, Полска – 112, Шпанија – 107, Северна Македонија – 92, Албанија – 86, Холандија – 50, Австрија – 44 и Франција и Украина со по 43 сличаи.

Германските власти не знаат зошто е висока бројката на инфицирани повратници од Косово, но претпоставуваат дека тоа е поради тоа што голем број муслимани од Германија отпатувале во земјата на потекло за празникот Бајрам.

Од 8 август е во сила задолжителното тестирање на лицата кои се враќаат во Германија од ризичните региони, како и двонеделен карантин.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски