Најдобриот ученик за столар во Франција без дозвола за престој во земјата

Од:

Најдобриот ученик за столар во Франција е Албанец на возраст од 19 години, кој немаше дозвола за престој во земјата. Деветнаесетгодишниот Армандо Кури благодарејќи на неговите одлични резултати во учењето на занаетот, денеска ќе добие медал во францускиот Сенат, но тоа што му претставува поголема радост е добиената  дозвола за престој во Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.

„Тоа е најубавиот ден од мојот живот“ – изави Армадо Кури за француското национално радио, кој денеска во Сенатот ќе го добие медалот за најдобар ученик на занает заедно со уште 340 други ученици во различни категории.

Се до вчера овај млад Албанец не беше сигурен дека може да го добие медалот, бидејќи му се закануваше протерување од Франција, поради немање на дозвола за престој. Конечно вчера доби привремена дозвола за три месечен престој, која потоа ќе му биде продолжена.

За добивањето на дозволата за престој интервенираше лично државната секретарка за Трговија и Занаетчиство, Карол Делга, според која „изучувањето на занаетот е одличен пат на патот за интеграција“. Според неа, „републиката секогаш треба да им пружи можност на одличноста, заслугите и примерноста“.

Младиот Албанец пристигна самиот во Франција пред три години, тогаш тој доби статут на „осамен малолетник“. Но откако наполни 18 години, тој го загуби овој заштитинички статут, што не му дозволува ниту да работи. Но со наградата која ќе ја добие денеска во Сенатот и одличните резултати во училиштето, Армандо Кури ќе добие дозвола да го продлжи својот живот во Франција

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата