Најдено привремено решение – британската војска ги снабдува пумпите со бензин

Од:

Британски војници со борбена опрема пристигнаа денеска во складиштето за нафта „Бритиш петролеум“, откако Владата нареди Министерството за одбрана да помогне во испораката на гориво, во обид да се најде решение за недостигот на возачи на цистерни и испорака на нафтени продукти до бензинските пумпи.

На многу бензински пумпи во Британија, нема гориво скоро целата мината недела, што предизвика хаос.

„Како дополнителни мерки на претпазливост, додадовме повеќе возачи.Ситуацијата засега се подобрува, од ден на ден и се враќа во нормала“, изјави британскиот министер за финансии Риши Сунак за радиото Би -Би -Си.

Здружението на продавачи на бензин објави дека повеќе од 20 проценти од бензинските пумпи во Лондон и југоистокот на земјата се уште немаат гориво, а директорот на таа асоцијација, Гордон Балмер, додаде дека може да потрае и до 10 недели за да се вратат залихите во нормала.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он